МНР скокна 51 место според дигиталната дипломатија

Министерство за надворешни работи на Република Македонија напредуваше 51 место, искачувајќи се од 118. на 67. позиција меѓу 209 земји рангирани според дигиталната дипломатија.

На глобалниот ранкинг за 2017 година, изработен од „Диџитал дипломаси ривју“, македонското МНР има 35,23 поени и рејтинг ЦЦ+.

Регионално, Македонија е на 28. место меѓу 49 земји во Европа.

Од земјите од опкружувањето највисоко котира Албанија на 34. место, а пред Македонија се само уште Турција (37.), Романија (40.) и Грција (43.). Косово е 70., Хрватска 74., Словенија 79., Бугарија 91., Србија 114., а Босна и Херцеговина 163.

На врвот се САД со 71,63 поени и рејтинг БББ-, втора е Велика Британија со 70,24 поени и рејтинг БББ-, а трета Франција со 67,62 поени и рејтинг ББ+.

Последна е Мавританија со 0,16 поени и рејтинг Е-.

 

Оставете коментар