По завршувањето на Европското младинско фудбалско првенство во Полска, на кое Бундес тимот беше подобар од Шпанија, денеска во Русија се одржува завршницата на Купот на Конфедерациите, репрезентативното фудбалско натпреварување кое е најава на Светскиот шампионат што догодина се одржува во истата земја. Во финалето од 20 часот во Санк Петербург Германија игра со Чиле и е голем фаворит со оглед на сите досегашни средби во кои Панцирите имаа три победи и реми, токму со Чиле (1-1), а Јужноамериканците обратни, 3 нерешени и една победа.

Во предигра на завршната претстава на Купот на Конфедерациите во Москва од 14 часот ќе се игра дуелот за третото место меѓу Мексико и Португалија која е без Кристијано Роналдо.

SHARE