Може и победа со 3 до 5 голови – Амбасадорска порака до ракометарите на Вардар

Денеска на ракометарите на Вардар им ја изразив сета поддршка што ја имаат пред полуфиналето, напишал на својот профил на фејсбук македонскиот амбасадор во Германија Сашо Марковски, кој пред мечот се сретнал со вардарци.

Тој како ракометен фан но и почитувач на великаните Кирил Лазаров и Борко Ристовски кои денес се противници на Вардар вели дека попладенво е доволна победа меѓу 3 и 5 голови разлика.

„Колеги спортски амбасадори, денеска имам посебна чест и сум особено горд што можам да ве поздравам и да ги пренесам сите честитки за вашето учество на ракометниот „фајнал фор“
Знам дека денеска ќе се сретнете со едни момци во сино – црвени дресови. За нив ќе навиваат фановите на нивниот клуб кој е еден од најсилните на светот во повеќе спортови но вие имате поголема поддршка. За вас ќе навива цела Македонија и сите Македонци во целиот свет. Мислам дека победа од 3 до 5 голови разлика е сосема доволна, пред се поради почитта конн двајцата македоннски ракометни великани Кире и Борко кои денеска ќе играат против вас. За утре во големото финале доволна е и победа од 2 гол разлика
Ви посакувам успех и не го давајте никому тоа што е ваше – а тоа е се победите денес и утре во големото европско финале“, е пораката што амбасадорот Mарковски ја упатил пред полуфиналето на најсилната светска ракометна лига.

 

 

По средбата со вардарци Марковски се сретнал и им посакал успех и на нашите двајца интернационалци Кирил Лазаров и Борко Ристовски кои што ги бранат боите на денешниот противник на Вардар.

SHARE