Можна средба на Димитров и Коѕиас денес во Софија

Loading...

Преговорите за името продолжуваат и денес меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, овој пат во Софија и по трет пат неделава.

Двајцата министри се очекува да се состанат на маргините на неформалниот Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ со колегите на земјите кандидати, пишува „То вима“, иако од двете страни нема ниту најава ниту потврда дека ќе дојде до средба.

Атина и Скопје истакнуваат дека преговорите за името на Македонија влегуваат „во колосек“ и има многу можности за компромис.

Сложено име со географска одредница е оценето како позитивно од двете страни, а Атина инсистира „името на ПЈРМ да биде словенски јазик“.

Сепак, постојат големи проблеми, како што се иредентистичките позиции на Македонија, „македонскиот“ идентитет и јазик за кој се бара формула за согласност меѓу двете страни, пишува „То Вима“.

 

1 Коментар

  1. И най-трудните проблеми имат лесно решение.А то е-да се казва истината.Когато се сблъскат две лъ жливи страни с невярна,фалшива история,какво очаквате да се роди.

Comments are closed.