Моника Белучи заносна русокоса

Loading...

Атрактивната Италијанка Моника Белучи стана русокоса за фотосесијата инспирирана од Мерилин Монро.

„Сензуална, гламурозна, мистериозна, фасцинантна, шармантна…“ – со овие зборови списанието „Madame Figaro“ ја опишува Моника Белучи.

 

На фотографиите кои ги потпишува Елен фон Унверт, Белучи заведува во креации од Chanel, Lanvin, Dior и Dolce & Gabbana.

„Не треба да бидеме сведени на сексуални објекти само заради тоа што се шминкаме и носиме чевли со високи потпетици. Жените треба да ја сакаат својата женственост. Ако носиш штикли и кармин, тоа не е само заради мажите, туку и за твојата самодоверба“ – изјавила Моника во интервјуто за списанието.