Мора да се види: Дурловски и Нацоски пеат за Миле Поп Јорданов (ВИДЕО)

Заедничката страница на Ана и Игор Дурловски на „Фејсбук“ пред неколку часа сподели видео од заедничката изведба на басот Игор и тенорот Благој Нацоски на народната песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“.

Дуетот е снимен во Макао во септември минатата година на 115-годишнината од смртта на македонскиот револуционер од Велес, а може да се погледа на

https://www.facebook.com/Blagoj.Nacoski.Fans/videos/10154309857006558/

Светски познатиот оперски пејач Дурловски од минатиот вторник е во притвор за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ за настаните од 27 април во Собрание како еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Оставете коментар