Мора да се спречи да ги викаат Македонија, вели грчки европратеник

Националната стратегија на Грција во врска со името на северниот сосед мора да базира на спречување трети земји да му се обраќаат со „Македонија“, смета грчкиот европратеник Никос Андрулакис.

„Решавањето на прашањето за името е пожелно како интерес на Грција за одржување добри односи со сите соседи. За жал, Ципрас и Мицотакис играат игри и немаат комуникација и фиксен став за овој проблем. Ние треба да бидеме на линија да се најде одржливо решение, со кое ќе се елиминираат сите форми на иредентизам од страна на Скопје. Но, не какво било решение. Националната стратегија е да се спречи трети земји да му се обраќаат на Скопје со ‘Македонија’“, изјави политичкиот секретар на ПАСОК за грчкиот портал „Њупост“.