Москва е денеска тажен град

Тринаесет загинати и 105 повредени е билансот на жртвите во невремето кое денеска го погоди главниот град на Русија.  Локалните власти предупредуваат дека бројот на жртви може да се зголеми.

Московските служби за вонредни ситуации ангажирани се на отстранување на повеќе од 3.500 од ветрот откорнати дрвја, но засега нема извештаи за поголема материјална штета.

Директорот на метеоролошката служба изјави дека дувал ветер со јачина од 22 метри во секунда, и оти е можна уште една бура во текот на ноќта.

Во ураганот кој денеска ја погоди Москва  на моменти дувал ветер со јачина од 28 метри во секунда јавува твнова.