Москва одговори: Протерани 60 американски дипломати

Русија ќе протера 60 американски дипломати како одговор на неодамнешната одлука на Вашингтон да истера истиот број на Руси  во врска со случајот на труење на поранешниот руски шпион, Сергеј Скрипал.

Исто така, Москва најави затворање и на американскиот конзулат во Санкт Петербург.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека од американскиот амбасадор во Москва, Џон Хантсман, било побарано да се појави во Министерството за надворешни работи – „каде што заменик-министерот Сергеј Рјабков ќе го запознае со содржината на мерките против САД“,.

Повеќе од 25 земји, меѓу кои и Македонија, одлучија да протераат руските дипломати како знак на солидарност со Велика Британија во врска со труењето на шпионот и неговата ќерка во Солцбери.

САД протераа 60 дипломати и го затворија рускиот конзулат во Сиетл.

Спкрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени во несвест на 4 март во Солсбери. Состојбата на ќерката се подобрува, јавија медиуми, но неговата состојба е сé уште критична.

За нападот со нервен агенс, Велика Британија ја обвини Русија.

Comments are closed.