МПЦ се огради од ставот на Агатангел за името

„Тоа не е став на Светиот синод и на Црквата. Црквата не е поставена да решава политички прашања, туку да се грижи за духовниот живот на православните верници. Да се остави политиката настана, да не се занимаваме со дневно политички прашања“, изјави денес за Алсат М, владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ – Охридска архиепископија.

Реакцијата од МПЦ доаѓа по верашната колумна на митрополитот на Повардарската епархија на МПЦ, Агатангел која беше споделувана и предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Агатангел, во текстот, од кој се оградува МПЦ, меѓу другото напиша:

„Нека им биде јасно на сите дека ние Македонците не преговараме, ниту прифаќаме никакво поинакво име на својата држава освен Република Македонија, ниту пак имаме намера да си поигруваме со нашиот вековен македонски идентитет… Нека сфатат конечно дека нив никој не ги овластил да преговараат за прашања поврзани со македонската историја, со македонскиот јазик, име и идентитет. Секој што понатаму ќе продолжи да преговара и да им се умилкува на странските и грчките политичари е само еден дрзок слабак што мисли високо за себе“.

Митрополитот уште порача дека „нашите преговарачи за името ќе бидат запаметени како предавници и одродници“.

Македонската православна црква се оградува од ставовите од владиката Агатангел, изјави Тимотеј за Алсат М.

Во ноември Митрополитот повардарски Агатангел со соопштение за јавноста се спротивстави на барањето на Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до Бугарска православна црква (БПЦ) да ѝ стане црква-мајка.

SHARE

Comments are closed.