Мурзаку: Нема прeчки да биде признаена МПЦ-ОА

Американската професорка по црковна историја Инес А. Мурзаку од  Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси, во својата опширна анализа за македонското црковно прашање во „Крисис Магазин“ пишува дека „нема никакви пречки, ниту пак причини Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископја МПЦ-ОА“

Како што пренесува А1ОН, Мурзаку објаснува дека автокефалноста е сложена материја во животот на Источните Цркви и дека прашањето на доделувањето и признавањето на автокефалноста од мајките Цркви постојано предизвикува црковни проблеми во Православието, од четвртиот век до денес.

„Бугарската црква беше признаена како автокефална дури во 1945 година, 72 години откако се прогласи за автокефална. Романската црква во 1885 година, дваесет години по прогласувањето на автокефалноста, Црквата на Грција во 1850 година, седумнаесет години подоцна. Албанската православна црква чекаше петнаесет години по објавувањето на автокефалноста пред признавањето од Константинопол“, вели професорката.

Мурзаку, смета дека Македонската православна црква чека доволно долго за да биде признаена нејзината автокефаланост.

Со писмо во ноември лани, од Македонската епископија до Бугарската патријаршија, беше побарано Бугарската православна црква да и стане „Црква- мајка“ на МПЦ-ОА.

SHARE