Севиља го победи на гости Манчестер Јунајтед со 2-1 и со истиот вкупен резултат оди натаму, а друштво и прави Рома која славеше со 1-0 и со 2-2, но со правилото гол на гости го елиминира Шахтјор. Ова се исходите од петтиот и шестиот осминафинален двобој во Лигата на Европските фудбалски шампиони.

Севиља и Рома им се приклучија на Реал, Јувентус, Ливерпул и Манчестер Сити, а во четвртфиналето од фудбалската ЛШ се чекаат уште победниците од средбите в среда: Барселона-Челзи (1-1) и Бешикташ-Баерн (0-5).