МХРМИ го обвини Даниел Сервер дека лобира за поделба на Македонија

Лидерот на Македонското меѓународно движење движење за човекови права (МХРМИ) Бил Николов го обвини американскиот експерт за Балканот Даниел Сервер дека се залага за поделба на Македонија.
Во објава на социјалната мрежа Твитер Николов вели дека на дебата за за стабилност на Балканот Даниел Сервер повикал на поделба на Македонија, Босна и Косово.
Во постот Николов цитира дел од позициите на Сервер кој е експерт за Балканот со силно влијание врз сите американски администрации а според кој во регионот треба да се „организира етно – територијална поделба на Босна, Косово и Македонија“.
САД и ЕУ според Сервер можат да заклучат дека опстанокот на државите на Балканот во сегашните граници е невозможно поради што треба да започне напор за преговори за етно територијална поделба на Босна, Косово и Македонија со право на новокреираните држави да се приклучат на соседните држави.
Ова според Сервер бара тешки дипломатски напори и веројатно испраќање на илјадници војници на САД како и европски трупи за да се намали веројатното насилство. Овие војници веројатно ќе мора да останат таму со оваа цел многу години ако и и децении.
Според Николов овие зборови на Даниел Сервер се конечно откривање на американската надворешна политика за поделба на Македонија.
Во својот пост Николов вели дека имал телефонски разговор со Сервер во врска со негова поддршка на македонското име, граници и идентитет и дека наскоро МХРМИ ќе излезе со сооштените во врска со оваа тема.
Даниел Сервер е професор по менаџмент на конфликти и истражувач во Центарот за напредни меѓународни студии на Џон Хопкинс универзитетот. Служел како министер – советник во американскито Стејтдепартмент а бил и заменик шеф на мисијата на САД во Рим од 1990 до 1993 година. Од 1994 до 1996 година бил специјален пратеник и координатор за Босна а за време на таа функција тој бил главен преговарач меѓу Муслиманите и Хрватите во босанската војна.
Од 2008 до 2010 година Сервер е потпретседател на Институтот за мир на САД при што бил инволвиран во мировните процеси во Ирак, Авганистан, Судан и Балканот. Специјалист е за интер – етнички и интерверски конфликти.

SHARE