Награда „македонско пријателство“ за европратеничката Петир

Маријана Петир, европратеничка од Хрватска и шеф на „Група на пријатели на Македонија во Европски парламент“, утре во Вашингтон ќе добие награда „македонско пријателство“ од Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Најголемата организација на македонските иселеници во светот на овој начин ѝ изразува благодарност на „гласноговорничката“ на македонската кауза не само во Брисел, туку и пошироко и докажан пријател на Република Македонија и на меѓународната македонска заедница.

Петир неделава се наоѓа во службена посета на САД, во рамките на која утре во главниот град ќе присуствува на 66. Национален молитвен појадок, за вечерта да биде гостин на свечениот прием на ОМД, кога и ќе ѝ биде врачено признанието.

Европарламентарката од Хрватска минатиот четврток во својата канцеларија во Брисел прими делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со новиот претседател Христијан Мицкоски, кои ја посетиле по состанокот на Европска народна партија (ЕПП), при што разговарале за политичката и за економската ситуација во Македонија.

„Македонскиот народ ми е посебно на срце и навистина му посакувам напредок во секоја смисла“, напиша тогаш Петир на својата страница на „Фејсбук“.

 

SHARE