Над 40 отсто од населението во Албанија е иселено

Loading...

Над 4о проценти од населението во Албанија е иселено од земјата од 1990 до 2о17 година, објавија надлежните институции при Обединетите нации.

Според Институтот за статисика во Албанија живеат 2,7 милиона луѓе, а од земјата во периодот од 1990 до 2о17 година се иселиле 1,5 милион жители.

Истите извори наведуваат дека во Италија денеска живеат најголемиот број албански емигранти, и тоа над 460 илјади, потоа следува Грција, а трета држава со најмногу албански емигтанти е САД.