Постоечкиот европски машки ракометен шампион загуби кај Нант со 27-26 со тоа што првото полувреме во кое Французите водеа со 18-12 покажа низа слабости во составот на Вардар. За прв пат во оваа сезона составот на Раул Гонзалез губеше со така голема разлика, а во еден миг беше и минус осум.

Нант водеше убедливо до 50 минута, а скопјани ја одиграа својата препознатлива ролја дури во завршницата кога дури имавме и шанса за реми, но мали невниманија и технички грешки не спречија да дојдеме до уште еден одличен резултат. Вака Вардар останува прв и ќе треба, ќе мора да слави во последниот круг со Висла Плок дома в недела за да го задржи првото место во групата А од ЛШ на кое сме и во моментов со бод повеќе од Нант и два пред Барселона.

Гурбиндо со осум гола и Клајн со пет погодоци, заедно со голманот Димулан, беа главни играчи во таборот на Нант, додека кај Вардар најефикасни беа Дибиров со шест гола (од 13 обиди) и Циндриќ со четири постигнати гола.

SHARE