Напаѓачот на Тодоров оди во притвор со здравствени проблеми

По вчерашниот обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, Љупчо Стојановски денеска беше изведен пред судијата во Основниот суд во Скопје каде по два часа распит му беше одреден притвор. Тој се гони за две кривични дела: обид за убиство и недозволено држење и тргување на оружје.
60. годишниот Стојановски не успеа во намерата иако испука три куршуми во екс министерот кого го обвинува за смртта на неговата внука Тамара пред три години. Велешкиот дедо денеска се бранеше со молчење, а по завршување на постапката беше упатен во притвор од 30 дена.


Додека траеше судењето во неколку наврати на Љупчо Стојановски кому му се заканува затворска казна од 5 години, во неколку наврати му била укажувана лекарска помош заради нестабилната здравствена состојба.

SHARE