Научниците од американската вселенска агенција за истражување (НАСА) објавија дека откриле ново небесно тело кое се движи во сончевиот систем.

Во соопштението се наведува дека новиот метеор или комета бил откриен од страна на Pan-STARRS1 телескопот со седиште на Хаваи, и дека станува збор за небесно тело со дијаметар до 400 метри кое патем се движи доста брзо.

Новооткриеното тело беше наречено A/2017 U1 и се верува дека е сосема ново тело што влезе во Сончевиот систем.

Портпаролот на НАСА, Пол Ходас, рече дека тоа е откритие кое се чекало со години.

„Имаше теории за небесните тела кои дојдоа во системот на сонцето и надвор од него, и продолжија да се движат, но штотуку откривме едно ново тело“, рече Чодас, додавајќи дека научниците ќе продолжат да истражуваат за да откријат нови детали за ова мистериозно небесно тело.

Оставете коментар