Бразилецот Нејмар се повреди во дуелот на неговиот Пари Сен Жермен и Олимпик Марсеј (3-0), по што со болен грч на лицето беше изнесен на носилки од „Паркот на принцовите“.

Нема точна дијагноза, но првичната вели дека тој ќе биде отсутен од реванш осминафиналниот дуел од Лига на шампионите против Реал Мадрид, во кој Французите следната недела ќе бркаат негатива од 3-1.

Според други извори, играчот за кој „светците“ минатото лето платија 222 милиони евра ќе биде надвор од игра два месеца, што, пак, го проблематизира и неговиот настап за „кариоките“ на Светското првенство во Русија.