Нашиот класика, Рама во шалвари, на домаќинката и се гледаа прстињата

Вчерашната вечера во Брисел на која локалните балкански лидери требаше да се договорат за иднината на регионот донесе мал политички напредок но и модни новитети кои што повеќе одговараат за Милано и Париз но не и на Брисел.

Модна ѕвезда на балканската модна вечер(а) беше албанскиот премиер Еди Рама кој носеше еден вид на панталони шалвари и кежуал маица со натпис под сакото.

Меѓу шестемина балканаки мажи посебно се истакна ЕУ претставничката за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини која преку сандалите пред гостите и медиумите ги покажа негуваните прстиња на нозете.

Останатите балкански лидери беа традиционално класични со стандардните костуми и вратоврски. ЕУ вчера не откри што пишувало во поканите за вечерата во врска со “дрес кодот”.

SHARE