Новата туристичка атракција „Македонско село“ е лоцирана во селото Нерези крај Скопје. Македонско село е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19. и 20. век. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости. Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска Црна Гора.

Градот Македонско село е комплекс од хотелскo сместувањe и ресторани, изграден во традиционалниот дух, посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.

Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот е збогатен со домашни животни.

SHARE