3d illustration. Puzzle piece with Bulgaria flag.

Жителите на Западен Лондон, Велика Британија, се шест пати (611 насто) побогати од просечните Европејци, додека жителите на регионот северозападна Бугарија се три пати посиромашни, покажуваат статистички показатели на Еуростат.

По граѓаните во западен Лондон, најбогати во ЕУ се граѓаните на Луксембург (257 насто од европскиот просек), оние од Југоисточна Ирска (217%), граѓаните на Брисел и на  Хамбург кои имаат примања два пати повисоки над европскиот просек.

На другиот крај од рангг листата со само 29 проценти од просечниот европски приход по глава на жител е бугарскиот северозападен регион.

Од 21 региони во земјите на ЕУ, каде приходот е 50 од просекот на ЕУ, пет се во Бугарија и Полска, четири во Унгарија, три во Романија и во Грција и еден во Франција.