Дури и денеска, осум години по трагичната несреќа која беше смртоносна за актерка Наташа Ричардсон, нејзиниот сопруг, познатиот актер Лиам Нисом, се уште закрепнува.

„Никогаш не сум се помирил со нејзината смрт, во некои моменти, кога ќе чујам дека се отвара вратата, јас сум убеден дека сега ќе дојде да ми каже нешто “, изјави пред три години Нисом во едно интервју за ’60 минути”, сеќавајќи се на неговата сопруга.

Нивната љубовна приказна беше слична на филмските сцени од повеќето романтични филмови.

17 години тие беа во среќен брак и ги добија синовите Мајкл и Даниел, а потоа дојде 2009 година кога семејството отиде на одмор во Канада, за во Квебек да ужива во снегот. Наташа не знаеше како да скија, па ангажирала учител и почнала да ги запознава основите во скијањето. Во еден момент таа падна и ја повреди главата.

По смрта на Наташа Ричардсон, Лиам Нисон имаше кратка врска со Фреја Џонстон, но тоа брзо заврши. Неодамна актерот изјави дека во неговиот живот конечно има жена која му ја вратила верата во љубовта, но дека е се уште рано да го каже нејзиното име.

Оставете коментар