Официјалните проценки на безбедносните служби на ЕУ и на земјите во регионов покажуваат дека, од појавата на Исламска држава (ИСИЛ), на Блискиот исток од Балканот заминале да војуваат околу илјада луѓе.

Дел биле убиени во борбите во Сирија и Ирак, но дел се вратиле во своите земји.

Се проценува дека од вкупниот број се вратиле околу 300, а околу двесте се убиени. Остатокот се жени и деца кои „борците“ ги зеле со себе во војната на страна на Исламската држава, пренесува Индекс.хр.

Студијата со наслов „Игра на трпение: Проценка и одговор на заканата од враќањето на странските борци на Западен Балкан” покажа дека во периодот 2012- 2017, околу 5.000 луѓе од земјите на ЕУ заминале во Сирија и во Ирак, од ккои околу 1.000 луѓе од Западен Балкан.

Виена сé уште е главната локација за радикализација и организирање на исламистите од регионот.

Експертите за безбедност велат дека треба да се посвети и посебно внимание на зајакнувањето на радикалниот исламизам и салафиско-вахабистичкото движење во Словенија, кое има седиште во Јесенице.

Словенечката разузнавачка служба неколку години ги проверува исламските организации во земјата. Тие, исто така, објавија дека радикалните исламисти во иднина би можеле да претставуваат директна закана за националната безбедност.

Оставете коментар