На Брдо кај Крањ: Иванов до Штајнмаер, Вујановиќ ги дели Вучиќ и Тачи

Низа сериозни дипломатски тензии се на масата на состанокот на претседателите и шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкна кои денеска се среќаваат во словенечкото место  Брдо кај Крањ, каде што пред 4 години почна процесот за политички дијалог и стабилизирање на регионот.

Годинава конференцијат требаше да се случи во Македонија  но претходната влада побарала средбата да се случи на друга локација поради политичката криза во земјава.

Главен гостин на состанокот е германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој попладнево ќе има средби со сите претседатели.

Од Македонија во Брдо се претседателот Ѓорге Иванов и новиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, кои имаа средба со црногорскиот претседател Вујановиќ. Тие ќе имаат одделни средби со своите српски колеги, Иванов со претседателот Александар Вучиќ, а Димитров со министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ. Се очекува на средбата да биде отворено прашањето за српскиот разузнавач горан Живаљевиќ и неговото присуство во Собранието на 27 април, при наслилниот упад.

SHARE