На Грците им зовре од Златна зора

На 14 март во грчкиот парламент ќе се одлучува какви мерки да се преземат против двајца пратеници на Златна зора, откако тие во два различни случаи обвинија пратеник на СИРИЗА, кој е муслиман, дека е „турски агент“.

Прашањето ќе биде упатено до Комитетот за етика на 12 март. Пленумот ќе одлучи дали да наметне дисциплински мерки против партијата или да преземе други мерки предвидени со регулативата на парламентот.

Пратеникот на Златна зора, Илијас Касидијарис, побара да се отстрани пратеничот на СИРИЗА, Мустафа Мустафа, од состанокот на Комитетот за надворешни работи и одбрана во вторникот, бидејќи се расправало за чувствителни национални прашања. Состанокот беше прекинат и Касидијарис беше отстранет.

Сличен инцидент во средата предизвикал и друг пратеник на Златна зора.

Инцидентите како овие предизвикани од Златна зора веќе не се спорадични, туку се планирани да предизвикаат политичка ескалација.