На Земјата се зборува на 7.000 јазици

На една третина од светските јазици им се заканува исчезнување бидејќи ги зборуваат по помалку од 1.000 луѓе, додека повеќе од половина од светската популација зборува на само 23 јазици.

Луѓето од целиот свет зборуваат на повеќе од 7.000 јазици. Овој број  постојано се менува, бидејќи секој ден се учат повеќе светски јазици..

Најмногу јазици се зборуваат во Азија (2.301), натаму Африка со 2.138, регионот на Пацификот 1.313, а во Северна и Јужна Америка има 1.064 јазици.

На најмалку јазици, само 286, се зборува во Европа.

Но, на една третина од светските јазици и се заканува исчезнување бидејќи ги зборуваат помалку од 1.000 луѓе.

Јазик кој го говорат најмногу луѓе на Земјата е Ккинескиот – дури 1.3 милијарда луѓе.

На второ место е шпанскиот кој го говорат 437 милиони луѓе, следат англиски јазик (372 милиони) и арапскиот јазик на кој комуницираат 295 милиони луѓе.