Еден ден откако Меѓународниот олимписки комитет го забрани учеството на Русија на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја кои почнуваат во февруари 2018, рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија нема да ги бојкотира Зимските олимписки игри:

„Ние сигурно нема да ги бојкотираме Игрите. Ако нашите спортисти сакаат да учествуваат, тоа ќе биде нивен личен избор“ изјави Путин.

Забрана за учество на една земја на олимписки игри не се случува прв пат…

Бугарија е една од првите земји во светот која добила забрана за учество на олимпијада, пишува софијски 24 Часа. Тоа се случило во пресрет на олимписките игри во Антверп во 1920 кога Бугарија заедно со Австрија, Турција, Унгарија и Германија биле спречени да учествуваат, бидејќи беа дел од поразената коалиција за време на Првата светска војна.

Забраната беше продолжена уште за четири години, но само за Германија која не смееше да учествува и на олипијадата во Париз во 1924 година.

Поради Втората светска војна, казнети со забрана за учество на Олимпијадата во Лондон во 1948 беа Германија и Јапонија.

Најдолго казнета со неучество на олимписките игри имала Јужноафриканската Република поради политиката на апартхејдот. Забраната стартуваше во 1964 година во 1964 и траеше се до 1992 година.

По забраната за Руската федерација учество на ЗОИ во Пјонгчанг, спортистите од таа земја ќе можат да учествуваат, но под неутрално знаме, односно под знамето на олимписките игри. Сепак евентуалните освојувачи на медали нема да ја имаат честа да им биде интонирана националната химна.

ЛОИ во Москва 1980 година

За прв пат, учество под олимписко знаме се случи на Летните олимписки игри во Москва во 1980 година кои беа бојкотирани од Запад поради интервенцијата на тогашниот СССР во Авганистан.

Натпреварувачите од 14 држави на свечената церемонија се појавуваат под олимписко знаме, бидејќи владите им забранија учество поради бојкотот.

На Игрите во Барселона 1992 година, 58 спортисти учествуваат индивидуално и под олимписко знаме поради распадот на Југославија, а тројца освојуваат и медал.

На истата олимпијада се јавува и екипа на ЗНД составена спортисти од поранешните советски републики бидејќи се уште не биле формирани национални олимписки комитети.

Оставете коментар