На повидок нова војна на Балканот!

Ќе го направам она што ќе го направат сите патриоти на оваа земја. Ќе го бранам она што го стекнавме прво со војна во 1992-1995 година, а потоа и со Дејтонскиот мировен договор“, изјави Бакир Изетбеговиќ за Дојче Веле запрашан што ќе направи доколку Република Српска распише референдум за отцепување.

Беќир Изетбеговиќ

„Дејтонскиот мировен договор е на наша страна, историјата е на наша страна, Уставот е на наша страна, интересите на балканските земји, вклучувајќи ја и Србија се на наша страна, интерес на земјите од Европа е да нема повторно војна… Значи, го имаме сето ова од наша страна таква авантура да не се случи“, вели бошњачкиот член на Претседателството на БиХ.

Запрашан дали е подготвен за најлошото сценарио, Изетбеговиќ рече: „Значи, за војна? Да, сум. ”

Тој додаде дека секој кој ја сака оваа земја мора да биде подготвен „да оди до крај“ кога станува збор за нејзиниот територијален интегритет.

Оставете коментар