Без поголема драматика мина изборот на нови играчи во Американската кошаркарска лига одржан утрината во Бруклин. НБА драфтот одржан во Берклејс центарот го упати Маркел Фулц кон Филаделфија која и претходно најави дека ќе го искористи правото како прва да го избере крилото Вашнгтон. Интересно тој профил, играчи на позиции 3 и 4 доминираа во изборот во кој овој пат американските студенти беа највисоко котирани, а најдобар неамериканец е Финецот Лори Марканен кој од Аризона заврши кај Минесота поради претходен договор за трејд со Чикаго.

Лејкерси добија добар играч во Лонзо Бол од УКЛА, а Џејсон Тејтум оди во Бостон. Од Европјаните: Французинот Френк Нтликина е нов член на Њујорк, Летонецот Анжеј Пасечкникс оди во Орландо, Влатко Чанчар во Денвер, Огнен Јарамаз во Њујорк, а Александар Везенков во Бруклин.

SHARE