Тимот на Леброн Џејмс го победи тој на Стефон Кари со 148-145 во новата, по многу основи, верзија на мечот на сите кошаркарски ѕвезди одржан утринава во Лос Анџелес. Најкорисен играч на ревијата на најдобрите во Стејплс центарот беше токму капитенот на еден од тимовите, Леброн со 29 поени, 10 скокови и 8 асистенции, а таа за разлика од сите претходни 66 изданија имаше многу елементи на вистински плеј оф натпревар.