Водечкиот во источната конференција од НБА Торонто го победи Детроит со 123-94 и го одби нападот на Бостон кој исто славеше со Чикаго со 109-98. Канаѓаните сега имаат победа помалку од Селтикси, но и два пораза помалку што не е мала предност на влезот во последната четвртина од основниот дел од сезоната. И на западот играа првите два тима. Голден Стејт славеше на гости кај Њујорк со 125-111, но за одржување на малата разлика во полза на Хјустон се погрижи Џејмс Харден кој на Јута во Солт Лејк за победа од 96-85 и уфрли 26 поени комбинирани со 11 скока и пет асистенции. Од индивидуалните партии ги издвојуваме 53 коша за 38 минути на Ентони Дејвис во мечот во кој Њу Орлеанс го совлада Феникс со 125-116. Центарот на Пеликанс кој имаше и 18 скока со тоа го остави во сенка Девин Букер кој исто имаше настап за паметење, со 40 поена, 10 скока и седум асистенции.

Еве го хајлајтсот од мечот во „Медисон сквер гарден“.