Многу необврзувачка кошарка во која одбраната на важечкиот првак Кливленд не постоеше, а Кевин Дурент вежбаше забивања. И секако, убедливи 113-91 во првиот натпревар од најдиректната борба за титулата во НБА. Почетокот на големото финале не донесе таква битка, заради, така барем делуваше, малото залагање и комплетната отсутност за играчите на Кавс кои направија премногу грешки и во нападот, а особено во одбраната.
Кевин Дурент даде 38 поена, со по 8 скока и асистенции, и плус десет забивања во контри 1 на нула, а Стеф Кари имаше 30 коша и 10 додавања. На спротивната страна Леброн Џејмс беше единствениот пристоен со 28 поена, 15 скока и 8 асистанции, но и тој брзо се откажа.
Голден Стејт поведе во серијата, што се случува трета година по ред во овие НБА завршници, со тоа што лани победуваше Кливленд, а пред лани Голден Стејт кој на стартот од ова плеј оф финале делуваше премногу моќно, незадржливо, и кој прелесно дојде до 13. победа без пораз во разигрувањето.

SHARE