Неа демократија против тајната дипломатија на Коѕиас

„Слушам дека Коѕиас е во Солун и разговара со министерот за надворешни работи на Скопје, не знаеме за што разговараат, не знаеме што преговараат, не знаеме што им дадоа, а што зедоа. Ние не знаеме ништо“.

Лидерот на Неа демократија ја обвини владата дека се ангажира во тајна дипломатија. Не бара национален консензус и не се обидува да го обедини грчкиот народ. Тој ја спореди сегашната ситуација со онаа од 2007-2008 година, кога тогаш владејачката НД имаше редовни брифинзи со сите политички партии преку тогашната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани.

„Ова денес не се случува, рече Кирјакос Мицотакис.

Тој уште додава дека неговата партија не ја користи надворешната политика за партиски партиски придобивки, а дека прашањето морало да се реши на начин кој ќе биде од националниот интерес.

Но, додаде Мицотакис, ако тоа не може да се направи… ако предложеното решение не нѐ задоволи, ќе го отфрлиме и нема да го поддржиме“.