Неа Демократија со повисок рејтинг од владејачката СИРИЗА

Првата анкета спроведена по митинзите за Македонија и парламентарната дебата за скандалот „Новартис“ го потврдува водството од 9,7 отсто Неа демократија во однос на владејачката СИРИЗА.

Резултатите од анкетата ќе бидат објавени утре, а според нив за за главната опозициска партија на Кирјакос Мицотакис се изјасниле 34,9 отсто од анкетираните, а речиси десетина проценти помалку, или 25,2 отсто, за СИРИЗА на премиерот Алексис Ципрас.

Зголемена е рејтингот и на екстремно-десничарската „Златна зора“, која има поддршка од 9,4 отсто и останува трета најпопуларна партија на грчката политичка сцена.

Движењето за промени има  8,4, а Комунистичката партија  се движи до 7 отсто поддршка.

Рејтингот на партијата на Панос Каменос,актуелен министер за одбрана и лидер на „Независни Грци“ (АНЕЛ) е само 2,5 проценти.