Од 22 до 26 овој месец на две локации: Јавна соба и Лукс мебел ќе се одвива новото издание Skopje Design Week. Темата на фестивалот е „Звукот на материјалите“. Земја на фокус е Унгарија која ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 студија, компании и поединци.
„Дизајнерите од оваа земја ќе дојдат во голем број во Скопје и ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје“ велат организаторите на фестивалот.
Настанот ќе биде збогатен со настапи на „Васил Хаџиманов бенд”, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како – кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.

Оставете коментар