Неколку стотини членови на ВМРО – ДПНЕ пред кривичниот суд

Во очекување на процесот во кој кривичните судии треба да одредат дали за осомничените во обвиненијата кои што денеска ги покрена СЈО ќе биде одредена мерка притвор пред скопските судови вечерва се случува протест.

Протестот на кој учествуваат неколку стотини членови и приврзаници на ВМРО – ДПМНЕ се случува неколку часа откако претседателот на партијата Никола Груевски за кој СЈО побара мерке притвор, најави дека го менува конструктивниот однос.

Бројот на демонстрантеи кои што треба да извршат притисок врз судиите постојано расте а партиски извори велат дека нивниот број може да се зголеми во текот на ноќта затоа што членовите на партијата од други градови самоволно најавиле пристигнување во Скопје.

Поради протестот во прекин е сообраќајот во овој дел на Скопје а засега не се забележуваат вонредни или засилени безбедносни мерки на македонската полиција.

фото Маркукуле.мк