Нема договор во Собранието, на 1ви ќе има плата

Loading...

Без договор за работна недела заврши координацијата на собранискиот претседател Џафери со координаторите на пратеничките групи изутрината.

Пратениците веќе две недели не се на своите работни места, а со оглед на тоа што нема договор ниту закажани пленарни седници и за оваа што веќе тече, веќе трета недела пратениците ќе одмораат.

Но нема да почувствуваат по џебот. Платата редовно ќе си ја земат иако собраниските ходници се полупразни.

Што ќе се случува со над 35 илјади амандмани за законот за јазиците и како понатаму, дали и како ќе учествува опозициската ВМРО ДПМНЕ, останува неизвесно.

Денеска Џафери и координаторите не договорија работни задачи.