Неофашисти маршираа по улиците Рим(ВИДЕО)

Околу илјада членови на нефашистичката партија Форца Нуова маршираа вчера на улиците на Рим, соопшти портпаролката на полицијата.
Под името „Марш на домобраните“ оваа парада требаше да се одржи на 28 август, во спомен на 95 годишнината на фашистичкиот Марш на Рим кога Бенито Мусолини дојде на власт, но полицијата и Министерството за внатрешни работи го забранија маршот тој датум.
“Денес испраќаме порака за победа, ги собравме најдобрите срца и мозоци, ќе маршираме низ цела Италија, како што марширавме денеска во Рим“, изјави Роберто Фиоре, лидерот на екстремно десничарското движењеФорца Нуова,.
Маршот се одржа под будното око на околу 400 полицајци, пренесе агенцијата Анса.

Оставете коментар