Неофит молчел за МПЦ-ОА во Цариград, ја признал по руска нарачка

Loading...

По најавата од Вселенската патријашија дека на БПЦ може да и биде наложена шизма поради контактите со Македонската православна црква дел од бугарските медиуми анализираат дека треба да се почека до првата недела од велигденските пости за да се види што ќе се случува.

Ако тогаш традиционално вселенскиот Патријарх не го спомене поглаварот на БПЦ Неофит во своите молитви тоа ќе значи дека бугарската црква е во шизма или раскол со останатите цркви.

Од Истанбул тврдат дека вината за состојбата е поради гоа што Неофит не ја спомнал МПЦ – ОА за време на средбата со Вартоломеј во Цариград пред еден месец.

Работите се комплицираат и поради почетокот на процедурата на Цариград за признавање на
Украинската православна църква и тоа за време на посетата на рускиот патријарх Кирил на Софија. Бугарски медиуми прсшуваат како тој ќе сослужува заедно со патријархот Неофит, ако на БПЦ биде фрлена шизма, пренесува expres.mk

Според извори во Вселенската патријашија вината за конфликтната состојбата ја имаат бугарските владици кои можеле лесно да го решат проблемот. Но според нив Неофит и БПЦ ја признале МПЦ – ОА по руска нарачка.