Француската голманка Амандин Лејно, една од ракометарките на Вардар која заслужи највисоки оценки во овој период во кој престојува во Скопје, потврди дека потпишала со унгарскиот тим Ѓер и дека на лето сигурно си заминува од „Јане Сандански“.

Таа признава дека немала намера да си заминува од Македонија и оти само потегот на раководтсвото на ЖРК Вардар ја натерало да повлече таков чекор.

„Претседателот ни најави дека нема да го води клубот на исто ниво, па не ни остана друг избор освен да бараме друга средина. Мојот агент имаше неколку понуди, а на крај изборот падна на Ѓер. Играњето за Вардар ми донесе многу работи: нова култура, нова земја, идеална средина за тренинг, тоа е спортот број еден во државата. Ми донесе многу радост. Го сакам клубот и многу ми е жал што ќе заврши вака. Тука атмосферата е прекрасна, поминав убави пет години“, им соопшти Лејно на новинарите на престижниот француски спортски весник „Л Екип“.

Амандин има титула светски првак со Франција и ако ЖРК Вардар продолжи со победите до освојување на ЛШ, може да стане и една од ретките кои во исто време поседуваат две така важни круни.

Вардарки во моментов со Лејно делуваат незадржливо и имаат серија од девет победи, без реми, без пораз.

Оставете коментар