Македонскиот репрезентативец Илија Нестровски влезе во извонредна серија, па неговиот Палермо забрзал да потпише нов договор со напаѓачот кој сезонава веќе има 9 погодока во 11 меча во Серија Б. Прилепчанецот според денеска објавениот параф ќе се задржи на Сицилија до 2021 година што ќе му овозможи одредени бонуси во висина од половина милион евра годишно. Несторовски во изјава вели дека е „среќен што добил нов договор од Палермо и што е капитен на екипата“ за која ветува дека „брзо ќе ја врати во Првата италијанска лига“.