фото: НОВАТВ
Loading...

Сведоци тврдат дека при вчерашниот инцидент кога беше нападната полицајка во момент кога „пајак“ требало да подигне погрешно паркиран џип, сепак имало физички контакт и дека сопственикот Бекир Асани ја турнал по што таа се повредила, информираше телевизијата 24 вести.

Полицајката Јасмина Јаначковска се уплашила и затоа ги повикала своите колеги, кои пристигнале во поголем број. Сепак тоа не го спречиле Асани да продолжи со навредите и кон нив.

По завршување на инцидентот, Јаначковска побарала лекарска помош, но не биле констатирани повреди.

Попладнево, МВР испрати соопштение со кое категорично се негираат шпекулациите во јавноста дека Асани, инаку висок челник во партијата ДУИ, го повредил службеното лице кое си ја вршеше должноста.

„Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството за овој и за сите други случаи настапува максимално транспарентно со единствена цел јавноста да биде вистинито информирана“, пишува восоопштението од МВР.

Полицајката Јасмина Јаначковска претпладнево се сретна со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кого го известила дека таа самата се повредила удирајќи во пајакот.

Таа ги негираше и шпекулациите дека таквата изјава ја дала под притисок.

За вербалниот напад против Асани е поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и  мир, за што е предвидена глоба од 600 до 900 евра.

.

1 Коментар

Comments are closed.