Препорачуваме: Не пијте кафе на празен желудник

Една шолја кафе на празен желудник претставува вистински удар за нашиот организам, па пред да се препуштите на уживањето во својот омилен напиток, потребно е да направите некои мали измени.

Не е спорно е дека кафето претставува значаен извор на антиоксиданси со докажана ефикасност во превенцијата од некои малигни заболувања, како што е карциномот на дебело црево.

Имено, една шолја чисто црно кафе на празен желудник стимулира излачување на хлороводородна киселина во дигестивниот тракт, а тоа често брзо го чувствуваат лицата што се склони на гастритис.

Не се поштедени ни тие со целосно здрав желудник бидејќи хлороводородната киселина се користи за разградување на храната, па доаѓа до дигестивни пречки во текот на пообилните оброци, а особено потешко разградување на протеините. Протеините што ќе останат нецелосно разградени во телото, можат да предизвикаат многубројни здравствени проблеми, како што е подуеност, иритација или воспаление на цревата, а во најлош случај и карцином на цревата.

Според низа спроведени истражувања е заклучено дека кафето треба да се пие еден час по будењето, откако сме изеле барем едно парче леб. Кафето не смее да се пие веднаш по будењето бидејќи на тој начин, нивото на кортизолот во телото нагло се зголемува, па затоа треба време за нивото да се стабилизира.

Кортизолот е одговорен за контрола на биолошкиот часовник и поттикнува будност. Значи, една шолја кафе на празен желудник може да предизвика зголемени киселини, подуеност, па дури и повраќање.

Ако вашите навики не ви дозволуваат да појадувате наутро веднаш по будењето, и не можете без утринското кафе, во него барем ставете малку млеко или путер, за да го ублажите.

SHARE