Loading...

Неколку часа пред почетокот на самитот ЕУ – Турција, во Варна каде ќе се одржи средбта се појавија постери против посетата на турскиот претседател Реџеп Ердоган.

Постерите закачени на повеќе места, главно околу главните булевари во градот, се со порака „Ердоган, не си добредојден!“ и „Бојко, не сме тројански коњ на Ердоган!“ пренесе бугарскиот „24 часа“.

Бугарија како претседавалш со ЕУ е иницијатор на самитот кој има за цел смирување на односите на Унијата со Анкара.

Се очекува Турција да го побара остатокот од ветените 3 милијарди евра од ЕУ за згрижување на 3,5 милиони сириските бегалци кои се на турска територија.

Турскиот претседател Ердоган минатата недела рече дека досега биле исплатени само 850 милиони евра согласно постигнатиот договор во март 2016 со кој се предвидуваше Турција да го запре мигрантскиот бран кон Европа и да преземе дел од бегалците од Грција.

Дополнителни 3 милијарди евра треба да бидат одобрени овој месец.