Loading...

Повеќе стотици македонски иселеници излегоа вчера на протест во Националното шеталиште во Вашингтон, но и водруги американски градови за за да го изразат своето незадоволство од преговорите за промена на името Македонија.

Во организација на глобалното движење, вчера и денес во 14 градови низ светот се одржуваат собирин на Македонците од дијаспората под мотото „Ние сме Македонија“ кои имаат за цел да се покаже гласност за одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата, но и повик до актуелната американска администрација да ја подобри политиката кон Македонија.

Како што јавува „Гласот на Америка (VOA), во Вашингтон протестот започнал точно на пладне по локално време , а присутните носеа македонски народни обележја, за да ја изразат, како што велат, македонската посебност, вклучувајќи го и 16-зрачното златно-жолто сонце од Кутлеш и златно-жолтиот двоопаш лав со круна на глава на црвена основа.

Слични протести со мотото “Ние сме Македонија” имаше во Њујорк, Чикаго, Торонто и Детроит.