Никола Тодоров надвор од животна опасност

Екс министерот за здравство Никола Тодоров е надвор од животна опасност откако беше цел на вооружен напад пред министерството за здравство.

Едно лице е приведено и е на испрашување во полиција по нападот кој денеска се случи врз Тодоров.

Од МВР за медиумите велат дека  во 12:05 кај нив е пријавено дека на улица 50. Дивизија е нападнат Никола Тодоров, по што полицијата веднаш интервенирала и во врска со настанот е приведено едно лице. Кон Тодоров било пукано со огнено оружје.

фото: Вест.мк