Николовски: Москва не е наш партнер! (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски смета дека е добар потегот со протерувањето на рускиот дипломат, но му пречи што владата не ја прашала опозициската партија за тоа.

„Македонија мора да биде членка на ЕУ и НАТО. Наш партнер не е Москва, наши партнери се Брисел, Лондон и Вашингтон. Се разбира, сето ова под услов да се точни информациите со кои располагаме само од медиумите, имајќи предвид дека ние немаме дополнителна информација за едно вакво сериозно прашање“, рече Николовски.

Тој, во гостувањето на Алсат М, синоќа се пожали дека владата не ја консултирала опозициската партија, а истото го прави и шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.