Никос Коѕијас слета во Скопје, Димитров ќе го пречека на вечера (ВИДЕО)

Loading...

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас доцна попладнево пристигна со владин авион на Меѓународниотн аеродром Скопје. Ова беше прв пат по цели 12 години грчка делегација да слета на аеродромот чие име, со одлука на владата, беше преименувано во јануари како една од мерките за демонстрирање добрососедство, но и отстапка во преговорите за решавање на прашањето со името кои се во полн ек.

На аеродромот, шефот на грчката дипломатија беше пречекан од протокол на МНР и од претставници на грчката Кканцеларија за врски во Скопје.

Вечерва, околу 21 часот, тој ќе има работна вечера со својот домакин, министерот Никола Димитров.

Во набиената агенда, утре Коѕијас ќе има средби со неговиот македонски колега Никола Димитров, по што е најавена прес конференција, а ќе биде примен и од премиерот Зоран Заев и од претседателот на Собранието, Талат Џафери. Предвидени се средби и со вицепремиерот Бујар Османикако и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Целта на средбата е да се разговара за (доближување на) позициите на двете страни откако беа разменети нацрт-договори за решавање на прашањето за името.

Димитров, во понеделникот рече дека има големи разлики а некои од барањата во грччката нацрт спогодба се граничат со апсурд.

Оваа посета на грчкиот министер за надворешни работи се очекува да обезбеди први видливи показатели за напредокот постигнат во преговорите за да се најде заемно прифатливо решение за прашањето за името. Грчката страна веќе го испрати својот предлог до Скопје, како што беше договорено од премиерите на Грција и БЈРМ во Давос, пишува АНА-МПА.

По разговорите во Скопје, двајцата министри се очекува да имаат заедничка средба одново на 30 март во Виена на која ќе присуствува и медијаторот Метју Нимиц.