“Никој нема да ни биде крив ако останеме без сенка”

Искрено, аргументирано и трогателно е писмото на извесен автор Валерјан Моневски објавено од порталот Оф.нет.мк

Во овој напис почетокот и крајот на писмото кое цело може да го прочитате овде

ПИСМА НА ЗАГРИЖЕНИ ЧИТАТЕЛИ

Никој нема да ни биде крив и никому нема да можеме да се пожалиме. Сите ќе ни викаат дека сами си потпишавме, сами се спогодивме и сами ќе треба да си ги голтнеме сите наши песни и стихови изнапишани, уште еднаш да ги презакопаме сите наши дејци и борци за Македонија и сè тоа во утробите наши да ни стои за да не можеме никогаш да го извадиме.

Човек без сенка е оној кому не му се гледа сенката од неговата силуета додека оди по пладневно сонце. Човек без сенка е човек без душа, без достоинство, без карактер и толку е безвреден што ставата ни сенка не му фрла на патот. Тој се движи како дух, како некој кој е жив а всушност не постои…………..

…….

Познато е дека секој сам си ја крои својата судбина, па така ќе изгледа и нашата, со вашиот потпис потпишана и затоа ви порачувам и ве молам да не дозволите да станеме луѓе без сенка. Имајте предвид дека Македонија е сончева земја и затоа срамот и бедата тешко се кријат.

Валерјан Моневски
Објавено на off.net.mk

Оставете коментар